Се расчистува дивата депонија кај селото Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино согласно Програмата за заштита на животната средина започна со реализирање на активност за чистење на дивата депонија во близина на селото Криволак, конкретно кај мостот лоциран пред Армискиот полигон Криволак. Изведувач на работите е фирмата Ас машини чии работници предвидено е сметот и шутот од околу 650 метри кубни од дивата депонија да го кренат и да го дислоцираат на градската депонија Бучето во близина на село Дуброво. Средствата за расчистување на дивата депонија се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Од локалната самоуправа апелираат до месното население од Криволак, но и до сите граѓани на општина Неготино, сметот и шутот да го исфрлаат само на градската депонија. Комуналните редари секојдневно се присутни на терен и секој што ќе биде регистриран да фрла смет и шут на несоодветни места за тоа, ќе биде казнет согласно законските прописи.