Во Неготино се изврши дератизација и дезинфекција на јавни површини PDF Печати

   Стручни лица од фирмата Зотокс од Скопје со асистенција на вработени во одделението за комунални дејности и сообраќај при локалната самоуправа, а врз основа на издаденото решение од страна на Државниот и здравствен инспекторат, во текот на денешниот ден извршија дератизација и дезинфекција на јавни површини во Неготино. Оваа активност е реализирана согласно Програмата за спроведување превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општината. Дезинфекција се изврши во просториите на општина Неготино и во Желковата куќа на вкупна површина од 600 метри квадратни, а дератизација се изврши на вкупно 900 ревизиони шахти со поставување на 2.700 мамци или по 3 на секоја шахта.