Градоначалникот Делков донираше 15 магнетни табли за цртање за дечињата од градинката PDF Печати

   На покана на директорката на градинката Јана Коцева и вработените, денеска во рамките на одбележувањето на „Детската недела“  градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета на оваа установа запознавајќи се со тековните активности, како и со активностите кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат во рамките на „Детската недела“. На  задоволство на градоначалникот, тој имаше можност да ги посети занималните во кои престојуваат дечињата од различни возрасни групи, а посетата ја искористи од име на општина Неготино за потребите на дечињата од градинката и за дечињата од 3-те групи во други просторни услови да донира 15 магнетни таблички за цртање. За време на посетата градоначалникот Делков беше информиран и за активностите од „Детската недела“ која се одвива под мотото „Децата имаат право на среќно детство“, а имајќи ги предвид позитивните чувства и искуства од ваквите и слични другарувања со нашите најмлади сограѓани, тој истакна дека со нетрпение ја чека следната можност повторно да биде во друштво на најмладите жители на општината.