Семинар на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во училиштата“ PDF Печати

   Мултидисциплинарен тим на експерти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики-Европа за тебе, во соработка и со поддршка на општина Неготино, во нашиот град реализира семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и средните училишта“. Со семинарите кои денеска и утре се одржуваат во ООУ„Гоце Делчев“ опфатени се наставници од одделенска и предметна настава, професори од средните училишта, како и стручните соработници и директорите на основните и средните училишта. Семинарот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој истакна дека воспитно-образовните институции, но и пошироката заедница, се исправени пред  предизвикот да се соочат со барање на соодветни стратегии и начини за намалување и превенирање од насилното однесување меѓу учениците, а токму ваквите семинари се добра можност за размена на исксутва и предлагање на мерки како би се добиле очекуваните резултати. Семинарите ги реализираат реномирани универзитетски професори и тоа Дејан Мицковиќ, Татјана Стојаноска-Иванова, Ана Фрицханд, Елизабета Томевска-Илиевска и Тања Милошевска, а истите се од интерактивен карактер со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија за создавање ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијално би можеле да се јават во училиштата.