Се врши санација на улицата „Борис Кидрич“ во должина од над 200 метри PDF Печати

    Општина Неготино во соработка со Јавното претпријатие „Македонија пат“ веќе извесен период спроведува активности за комплетно санирање на над 200 метри од улицата „Борис Кидрич“ во нашиот град. Станува збор за една од најфрекветните улици во тој дел на Неготино, на потегот од Музејот кон Здравствениот дом, па токму затоа надлежните од локалната самоуправа одлучија да се пристапи кон санација на дел од оваа улица. Градежните работи се однесуваат на замена на коловозната покривка (засторот) по целата ширина на коловозот, а паралелно предвидено е да се нивелираат шахтите и решетките на овој потег од улицата „Борис Кидрич“. Се очекува работите комплетно да бидат завршени до крајот на тековниот месец.