Во Општина Неготино ќе се одржат семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта“ PDF Печати
  Во текот на месец октомври, оваа година, мултидисциплинарен тим на екесперти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“ во соработка и со поддршка од општина Неготино во нашиот град ќе се одржи 4 семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и средните училишта“.
Предвидено е со семинарите да бидат опфатени наставници од одделенска и предметна настава, професори од средни училишта, стручни соработници и директори на училишта од нашата општина.
Темите на семинарите ќе бидат со фокус кон правата на децата, повеќе аспекти на насилството и малтретирањето во училиштата, нивно рано препознавање и превенирање, презентација на позитивни европски практики за намалување на насилството, како и презентација на наоди од најновите релевантни истражувања спроведени кај нас, но и пошироко.
Семинарите кои имаат интерактивен карактер со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија ќе бидат реализирани од еминентни и реномирани универзитетски професори со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења од областа на насилството во училиштата, туку и за размена на искуства од сопствената практика.
Семинарите е планирано да се одржат на 7 и 8 октомври оваа година, за што јавноста ќе биде дополнително и детално информирана.