Неготинска вечер 2019 PDF Печати
  По повод  одржувањето на Традиционалниот неготински панаѓур, како најава за истиот и оваа година  на 19 септември (четврток)  ќе биде организирана познатата “Неготинска вечер” со музички настапи на докажани музички имиња од македонската народна и забавна естрада. Настанот ќе се одржи на старата градска чаршија, а ќе започне во 20 часот со настапот на Марјан Коцев придружуван од Галакси бенд, а во блокот со народна музика подоцна свој настап ќе има и извонредниот блех оркестар Агушеви.
Во рамките на забавниот блок, кој се планира да започне околу 22 часот ќе настапат познатите музички имиња Ѓоко Танески и Кристина Арнаудова со своите бендови, а на полноќ планиран е настапот на едно од најпознатите имиња на домашната електронската музичка сцена - ди-џеј Никифор, со чиј настап ќе биде заокружено овогодинешното издание на оваа музичка манифестација.
Водител на Неготинската вечер ќе биде нашиот сограѓанин, познатиот актер Роберт Ристов.