Реализирани и тековни активности на општина Неготино во соработка со ЦР на ВПР PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион реализираше и во  тек е реализација на повеќе проекти кои се од интерес за граѓаните на општината. Меѓу другото, во тек се активности за спроведување на проектот Валоризација на културното наследство преку доуредување на Спомен-костурницата со обезбедено сопствено учество од 3.454.889 денари, а останатите средства во висина од 3.625.411 денари се од Министерствто за локална самоуправа-Биро за регионален развој преку апликантот ЦР на ВПР. Со проектот се изведуваат скали, изградба на фонтана, паркинг-простор, трим патеки, пешачки патеки, летна сцена, поставување на фиксни клупи за седење и преуредување на други платформи со гранитни коцки. Дел од овој проект се и поставување електрика, водовод и комплетно хортикултурно уредување на просторот кај Спомен-костурницата.
Преку ЦР на Вардарскиот плански регион,со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка-подобрување на квалитетот на живот во руралните средини преку изградба на локална патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места одобрен е проект за изградба на дел од патниот правец Г.Дисан-Вешје во должина од 460 метри. Вредноста на инвестицијата е 9.380.932 денари, а општина Неготино го обезбедува потребниот износ од 1.794.768 денари за ДДВ. Во тек е постапка за јавна набавка, по што ќе започне и реализацијата на овој проект.
Исто така, се изврши и санација на околу 400 метри од патниот правец Д.Дисан-Тремник со што се постигна целта за олеснување на пристапот на земјоделците од овој регион до земјоделско обработливо земјиште со површина од околу 600 ха застапени претежно со лозови и овошни насади и житни култури.
Еден од одобрените проекти на општина Неготино во соработка со ЦР на ВПР  е Изготвување на техничка документација и ревизија на истата за изградба на јужна и северозападна обиколница во општина Неготино, при што во тек е изработка на комплетна техничка документација за ул. Новопроектирана 1, 2 и 3 со сите потребни детали. Станува збор за 3 потези од јужната обиколница со нивна вкупна должина од 3.400 метри. Делот пак Северозападна обиколница предвидува комплетна техничка документација за новопланираната обиколница од северозападниот дел од  Неготино. Планираната обиколница е со должина од околу 3.000 метри и приклучни патишта до постоечката сообраќајна мрежа во должина од околу 2.500 метри. Вредноста на овој проект е 3.624.960 денари обезбедени од Бирото за регионален развој, а во тек е постапка за јавна набавка која ја спроведува ЦР на ВПР.
Општина Неготино преку ЦР на ВПР аплицираше и за проектот- Пристапен земјоделски патен правец Калдрма во должина од 580 метри со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште.
Преку апликација на ЦР на ВПР до амбасадата на Јапонија во нашата држава се обезбедија средства со кои се изврши комплетно поставување на парно греење во сите простории на подрачното училиште во Д.Дисан со што после долги години ќе бидат затоплени сите простории во ова училиште.