Неготинските училишта и градинката подготвени ја дочекуваат новата учебна година PDF Print
There are no translations available.

   Во двете општински основни училишта и подрачните кои делуваат во нивен склоп, во средното училиште и во детската градинка во Неготино летниот распуст беше искористен за преземање на голем број активности за создавање подобри услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.
Во ООУ,,Гоце Делчев,, обезбедени се нови клупи и столчиња за шесте училници кои се лоцирани на првиот спрат,т.е. 72 клупи и 144 столчиња, поставени се нови 12 лед телевизори и 4 смарт ел.табли, рекоснтруирана е малата спортска сала, извршена е промена на старите врати и прозорци со поставување на нови алуминиумски профили и 4 сезонско стакло, со што ќе дојде до зголемување на енргетската ефикасност во училиштето. Исто така, поставена е нова натстрешница на влезот наменет за учениците, изградена е пешачка патека и нови скали со бекатон коцки за потребите на учениците, извршено е проширување на постоечкиот паркинг простор со обезбедување нови места за паркирање, а финишираат и работите за поставување нови скали за полесен пристап до училниците за првачињата. Проектни активности се спроведени и во подрачните училишта кои делуваат во склоп на централното. Па така, во училиштето во Д.Дисан извршено е партерно уредување на дворот и поставени се нови скали на влезот, санирана е оградата околу целиот објект, за пав пат од постоењето на училиштето во сите простории поставено е парно греење на пелети, а извршено и комплетно обелување на училиштето.
Во ПУ во Тремник извршено е преградување на една училница со што се создадени услови две паралелки истовремено да ја следат наставата, во ПУ во Курија изградени се нови влезни скали во училиштето, а во ПУ во Тимјаник извршено е оградување на спортскиот терен.
И во ООУ,,Страшо Пинџур“ летниот период се искористи за спроведување на повеќе активности. Во самото централно училиште преземени се сите неопходни активности за подготвено да се дочека новата учебна година, а во новиот дел од училиштето обвновени се просториите во ходникот.
Во ПУ во Црвени Брегови извршено е оградување на просторот околу училиштето, срушена е старата зграда и создаден е простор за складирање на огревот, а создадени се и услови за комплетно уредување на училишниот двор. Во ПУ во Пепелиште извршени се подготовките за менување на стариот котел на дрва со негова замена со нов на нафта, оградено е спортското игралиште и поставени се трибини, како и осветлување на целиот простор. Во ПУ во Криволак се изврши комплетно фарбање на оградата околу училиштето која доби нов и посвеж лик, а преземени се и други тековни активности вообичаени пред почетокот на учебната година.
 Во СОУ,,Св.Кирил и Методиј“ и покрај тековната промена на старите и дотраени прозорци со нови за подобра енергетска ефикасност преку проектот ,,Енпол“, како и реализирањето на други активности од овој проект, подготвено се дочекува стартот на новата учебна година за што се преземени сите неопходни и потребни активности. Наставата ќе се изведува нормално во 2 смени со оформени 40 паралелки во три образовни струки-гимназиско образование, електротехничка и хемиско-технолошка струка.
Во ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков“ активностите беа насочени во согласност со поставените стратешки цели за развој на установата и според проценетите актуелни состојби. Летниот период се продолжи со реновирање на објектот Пролет со реализирање на повеќе активности. Извршена е замена на стариот со поставување нов ламинат во една занимална, обелени се 6 занимални и ходници, заменети се старите со нови врати во занималните и купатилата, а извршено е и обновување и реновирање на патеките на влезовите со бекатон плочки, како и реновирање и санација на терасите во јаслениот дел. Набавени се нови шкафови за креветчиња во сите 9 занимални во објектот Пролет, набавка на креветчиња за јаслена возраст и Рекс креветчиња за децата на возраст од 2 до 6 години. Во фаза на поправка е надворешната лулашка во објектот Мајски цвет, оплеменување на просторот околу истата и набавка на реквизити за поставување во дворот на градинката за сите возрасни групи и во двата објекта, како и во групите во други просторни услови во Криволак, Пепелиште и Тремник. Заради зголемениот обем на работа, следува и набавка на електрични апарати за потребите во кујната.