Обезбедивме средства за изградба на нова градинка во Неготино PDF Печати
  Денеска во својство на градоначалник на општина Неготино во просториите на Министерството за труд и социјална политика го потпишав договорот за грант со кој обезбедивме средства за изградба на нова градинка во нашиот град која ќе има капацитет за сместување на 160 дечиња на возраст од 0 до 6 години. Станува збор за објект кој е повеќе од потребен за жителите на Неготино, бидејќи во моментов над 200 дечиња се на листа на чекање за обезбедување престој во градинка. Со проширувањето на капацитетот на градинката, односно изградбата на нова во нашиот град и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот, создаваме услови за подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Токму затоа, со секоја инвестиција вложуваме во нашите најмили и овозможуваме подобра иднина за нив.