Street Ball 2019 PDF Печати
   Од 27 до 29 август на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи 12-тото издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball”. Организатор на турнирот е Општина Неготино, која преку Програмата за спорт ги обезбеди финансиските средства за реализација на овој спортски настан.
Натпреварите од турнирот ќа започнат на 27 август (вторник) во 18 часот, а покрај главниот дел во кој екипите ќе се натпреваруваат во три конкуренции (машка - сениорска конкуренција, машка - јуниорска конкуренција /под 16 години и женска конкуренција), ќе бидат организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот, а истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на овој спортски настан - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Тони Делков. Наградниот фонд изнесува 40.000 денари, од кои покрај наградите за најдобро пласираните три екипи на турнирот, за прв пат ќе биде доделена награда и за надобриот играч на истиот. Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 072/320-842 и 078/484-953, најдоцна до 27 август (вторник) до 16 часот.