КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРЕМНИК PDF Печати

   Во присуство на месното население и претставници од локалната самоуправа, во селото Тремник беше поставен камен-темелник и означен стартот на работите за изградба на ново повеќенаменско игралиште. Обраќајќи им се на присутните градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков истакна дека за комплетна изградба на игралиштето од Буџетот на општината ќе се издвојат средства во висина од 2 милиони денари, додавајќи дека локацијата на која ќе се гради игралиштето ќе биде наменета за контакти на населението, одмор и релаксација, организирање и одржување на културно-забавни манифестации, како и спортски активности. Според оценките на стручните служби, локацијата наедно обезбедува и простор со уреден партер и урбана опрема, простор за одмор и спортско рекреативни намени, како и површини со ниско и високо зеленило.