Општина Неготино објави продажба на градежно земјиште PDF Печати
   Општина Неготино објави објава за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на РС Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за продажба на вкупно 9 градежни парцели за различни намени, со различна локација и површина и почетна цена за наддавање по метар квадратен, а сите заинтересирани подетални информации можат да добијат на линкот поставен на крајот од овој текст. Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет станицата www.gradezno-zemjiste.mk. Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели можат да се достават до 02.09.2019 година, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 04.09.2019 година со почеток од 09,00 часот, ќе трае до 13,00 часот и истото ќе се одвива во времетраење од по 15 минути за сите парцели. Целата процедура за продажба на градежното земјиште ќе ја спроведува комисијата за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање при општина Неготино, а објавата е објавена  и на веб-страницата на општина Неготино www.negotino.gov.mk.