Во тек е изградба на тротоар кај СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во нашиот град PDF Печати

   Започнати се и интензивно течат градежните работи за изградба на тротоар кај Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Станува збор за проект кој е финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино и со истиот се предвидува изградба и уредување на тротоарот во должина од 160 метри. Во исто време, во координација со локалното комунално претпријатие и со механизација и работна рака обезбедена од ЈП„Комуналец“ се врши расчистување на сметот на постоечкиот тротоар лоциран во самото средно училиште.