Добиена согласност за целодневен престој на дечиња во групи во други просторни услови во селата Криволак, Пепелиште и Тремник PDF Печати
  Одговорните во Јавната установа-Општинска детска градинка „Фемо Кулаков“-Неготино информират дека со писмен извештај од Министерството за труд и социјална политика добиено е позитивно мислење и согласност дека се исполнети условите за отпочнување со работа и вршење на дејноста целодневен престој на дечиња во постојните групи во други просторни услови во селата Криволак, Пепелиште и Тремник. Станува збор за целодневно згрижување на деца на возраст од 2 до 6 години во групи кои функционираат во состав на неготинската градинка, а со проектот во Криволак ќе бидат опфатени до 25 деца, во Пепелиште до 25 и во Тремник до 20 деца. Постојните групи во други просторни услови во овие рурални средини со згрижување на деца со целодневен престој ќе започнат од 2-ри септември, оваа година. За овозможување на стартот на овој проект, во изминатиот период беа реализирани повеќе активности со цел за подобрување на условите за престој на дечињата  во групи во други просторни услови. Имено, во населените места Криволак, Пепелиште и Тремник каде што има деца во други просторни услови при  ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ успешно беа завршени повеќе градежно-занаетчиски работи за адаптација на просториите, а  набавената беше и кујнска опрема и клима уреди. Со оваа активност се подобрија  условите за престој на дечињата и се создадоа  услови за нивен целодневен престој.