Повеќе активности во подрачните училишта во склоп на ООУ„Страшо Пинџур“ PDF Печати
   Летниот период и неодржувањето настава и во ООУ„Страшо Пинџур“ од нашиот град се користат за изведување зафати за подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес. Така, во подрачното училиште во Црвени Брегови после долги години целиот простор околу училишната зграда е комплетно ограден со поставување на метална ограда  со што се зголемува безбедноста на учениците кои овде следат настава, а во таа насока е и уривањето на старата и дотраена училишна зграда, со што пак се создадени услови за целосно уредување на училишниот двор. Во подрачното училиште во Пепелиште на игралиштето кое е во склоп на училиштето поставени се нови трибини, на головите поставени се нови мрежи и нова канделабра со рефлектор со што се создадени услови, покрај учениците, и повозрасните жители на Пепелиште  во вечерните часови да го користат теренот. Исто така, заради зголемена безбедност на учениците при нивното движење, во ова училиште поставен е ракофат. Како донација од АРМ, за потребите на подрачното училиште во Криволак набавени се 80 литри боја која ќе биде искористена за комплетно фарбање на оградата и создавање поубав лик на самото училиште.