Интервенции за енергетска ефикасност во училишната зграда за проектниот партнер СОУ„Св Кирил и Методиј“ Неготино –проект „ЕНПОЛ-ЕЕ“ PDF Print
There are no translations available.

   Започнаа градежните  активности во  СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино за  промена на постоечките прозорци во училниците и кабинетите со нови ПВЦ прозорци, како и поставување на соларни панели, односно систем на топлотна врска помеѓу училишниот центар и спортската сала во рамките на училиштето. Ова е воедно и главната компонента  во рамките на проектот,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина„ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка со Грција  „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот 2014 – 2020 година, каде  СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино е партнер 4 на проектот.
Изведувач на работите е градежната компанија,,Анол Импекс,, од Скопје  и според договорот потпишан на 17.07.2019 времетраењето на градежните работи е планирано за период од 3 месеци , а главните интервенции се планирани за месеците јули-август,  со цел  истите да бидат завршени до почетокот на новата учебна година.Согласно потпишаниот договор вредноста на оваа компонента   за подобрување на енергетската ефикасност во училиштето изнесува 67.279 Евра без ДДВ , додека севкупната вредност на проектот  ЕНПОЛ-ЕЕ е 86.740,50Евра или 5.334.540,75.мкд.Овие срдедства се 85 процени обезбедени од Европската Унија и 15 проценти национално кофинансирање.