Со бекатон коцки се поплочува улица во с.Криволак PDF Печати

   Со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино  продолжуваат градежните активности за уредување на улици во населените места во нашата општина. Така, во моментов градежни активности се одвиваат во селото Криволак каде што со бекатон коцки се врши поплочување на уште една пристапна улица која води до образовна установа. Станува збор за поставување бекатон коцки на улица на вкупна површина од околу 500 метри квадратни. Се очекува градежните работи за уредување на оваа улица во Криволак да завршат во првите денови од месец август.