Во подрачното училиште во Д.Дисан се одвиваат повеќе градежни активности PDF Печати

   Во ова училиште кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“ од нашиот град, деновите од летниот распуст кога не се одвива настава се користат за непречено одвивање на повеќе градежни активности. За прв пат, со донација од амбасадата на Јапонија, во сите простории на училиштето се поставува парно греење, со што пак, од употреба ќе бидат исфрлени помошните грејни тела кои досега се користеа за затоплување на просториите. Паралелно, училишниот двор се поплочува со бекатон коцки, а исто така се поплочуваат и влезните скали на училиштето. Постоечката и дотраена метална ограда се заменува со нова, а се гради и потпорен sид за нивелација на теренот.