Започна изградбата на првата социјална зграда во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На локацијата на ул. Едвард Кардељ број 52 во нашиот град во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, претставници на локалната самоуправа, пратеници и други присутни започна изградбата на првата социјална зграда во Неготино. Нашиот град, по Пробиштип, е втор во државава каде што се гради една од планираните социјални згради, а вкупната вредност на проектот е 15.000.000 евра - средства обезбедени од банката за развој на Советот на Европа во согласност со Законот за задолжување на Република Северна Македонија.  Социјалната зграда во Неготино ќе има вкупно 62 станови со површина од 35 до 45 метри квадратни, а планирана е изградба и на паркинг простор. Со изградбата на оваа зграда со рок на изведба на работите од 18 месеци во блиска иднина станбеното прашање ќе го решат дел од примателите на социјална помош, лица со инвалидитет, лица со посебни потреби и самохрани родители.