Се санираат оштетените сливни решетки и ударните дупки на ул „Маршал Тито“ PDF Печати

  Со финансиски средства од Буџетот на општина Неготино веќе извесен период на терен се спроведуваат активности за реконструкција на оштетените сливни решетки, а наскоро следува и нивелирање на оштетените и пропаднати шахти. Со градежните активности за реконструкција на оштетените сливни решетки опфатени се следните улици во градот: Цандо Кожинков, Климентова, Ленинова, Даме Груев, Христо Ботев , Партизанска, Гоце Делчев, Борис Кидрич, ЈНА и Првомајска. При изведбата на работите инсистираме на соодветна заштита од можни оштетувања на постоечките здрави елементи од сливните решетки, а така ќе биде и со шахтите, уличните рабници, како и постоечките подземни и надземни инсталации. Исто така, бараме да бидат запазени и соодветно обработени слоевите на sидовите од решетките и шахтите со останатата коловозна конструкција. Инаку, со градежните активности за нивелирање на оштетените и пропаднати шахти предвидено е да бидат опфатени следните улици: Даме Груев, Ленинова, Петар Демирски, Климентова и во селото Пепелиште. Паралелно, согласно договорот за санација и реконструкција на стари улици, изградба на нови и крпење на ударни дупки, во тек се градежни активности за санирање на ударните дупки на главната и најфреквентна улица во Неготино „Маршал Тито“.