Со бекатон коцки се уредува улица во село Војшанци PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино со средства од сопствениот буџет реализира уште еден проект во населените места во нашата општина. Во случајов, станува збор за изведување на градежни активности во неготинското село Војшанци каде што во тек е уредување на улица со поставување на бекатон коцки. Како што информираат стручните служби, со овој зафат ќе биде уредена улицата на површина од 1.200 м2 со поставување на бекатон коцки, односно улицата која води до црквата и до игралиштето во ова населено место.