НЕГОТИНСКИТЕ МАТУРАНТИ ТАНЦУВАА ,, КВАДРИЛ ,, PDF Печати

   Стотина матуранти од Средното општинско училиште ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино втора година по ред преку организирањето и учеството во пладневниот танц кој се одржа на градскиот плоштад, им се приклучија на своите врсници од Македонија и Европа кои по ист повод и во исто време танцуваа на различни локации. Во пригодното обраќање директорката на училиштето Маја Тефова истакна дека со оваа манифестација и со учеството на матурантите во неа се придонесува за воспоставување одлична соработка со сите оние кои во исто време беа вклучени во реализацијата на ,, матурскиот бал ,,. Честитки до матурантите чиј настап беше проследен од голем број граѓани упатија министерката за култура во Владата на РМ Елизабета Канчевска – Милевска и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој изрази надеж дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат образованието на една од високо образовните институции во земјава, што за нив ќе значи ново животно искуство исполнето со желби за усовршување на нивните стручни познавања.