Во тек се градежни активности во околината на населено место Долни Дисан PDF Print
There are no translations available.

   Во тек е санација на пристапен пат од околу400 м, на патниот правец Долни Дисан - Тремник. Со санацијата е предвидено да се исчисти потегот од шут и камења, да се изврши нивелирање и набивање на тлото, тампонирање како и изградба на пропуст со влезно-излезна глава за прифаќање и испуштање на водите од Дисанска Река. Со ваквиот потег ќе се олесни пристапот до земјоделско обработиливото земјиште со приближна површина од околу 600 хектари на кои има лозови насади, житни култури, овошни култури, а со тоа ќе се намалат проблемите на земјоделците и самото население.