Во Неготино се изврши презентација на новиот Закон за социјална заштита PDF Печати

   Во салата за состаноци на општина Неготино денеска се одржа работилница на тема „Примена на новиот Закон за социјална заштита“ кој влезе во сила на 23.05.2019 година од кога всушност и стартуваше имплементацијата на истиот. Како што истакна во своето излагање Софија Спасовска од Министерството за труд и социјална политика реформата е започната од 2018 година со вклучување на експерти од оваа област, со посебен приоритет кон домаќинствата и нивните потреби,намалување на детската сиромаштија, но и кон останатите категории ранливи граѓани. Според Спасовска, приритет е создавање на можности за вклучување на овие целни групи на пазарот на трудот преку поврзаност на Центрите за социјални работи со Центрите за вработување, а со единствена цел за вработување на младите. На работилницата на која свои излагања имаа и Соња Кипровска и Весна Самојловска од ЈУ Завод за социјални дејности се изврши презентација на структурата на Законот за социјална заштита и принципите на кои се заснова реформата, за паричните права и услугите од социјална заштита, за надлежностите на општините преку обезбедување социјални услуги, по што следуваше и дискусија за активностите за поефикасна примена на Законот за социјална заштиита. На работилницата во Неготино присуствуваа претставници од општините од Вардарскиот плански регион.