Положено свежо цвеќе на спомен-бистата на Косте Волканоски PDF Print
There are no translations available.

  Членови на најтесното семејство, роднини и пријатели, делегација од општина Неготино претставувана од секретарот Ивица Златковиќ и претседателот на Советот Диме Витанов, припадници на Армијата на РСМ и на Министерството за внатрешни работи-Полициска станица Неготино, претставници на Синдикатот на полицијата, бранители-учесници во воениот конфликт и други делегации, денеска на одбележувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Косте Волканоски положија свежо цвеќе на спомен бистата пред Полициската станица во нашиот град и му оддадоа достојна почит на бранителот кој го загуби животот во воениот конфликт на 25-ти јуни 2001 година на локацијата Попова шапка. Во рамките на одбележувањето на годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат и оваа година го организираше традиционалниот турнир во мал фудбал.