Во склоп на ПС Неготино опремена просторија за деца жртви и сторители на кривични дела PDF Печати

   Врз основа на одличната соработка на релација општина Неготино-Полициска станица Неготино и ЈУОДГ„Фемо Кулаков“ од нашиот град, а како резултат на активности на Координативното тело за социјална заштита при Општинскиот центар за социјални услуги на општина Неготино, во склоп на Полициската станица-Неготино опремена е и адаптирана просторија наменета за престој на лица-деца жртви и сторители на кривични дела. Просторијата во Полициската станица во нашиот град е опремена од страна на ЈУОДГ„Фемо Кулаков“, а со потенцијалните жртви и сторители на кривични дела ќеработи стручно лице од ПС Неготино.