Состанок на кризниот штаб на општина Неготино-состојбата е под контрола PDF Печати

   Обилните врнежи од дожд приоследени со ветер на два пати во последниве неколку денови ја зафатија нашата општина и предизвикаа штети кои се санираа, но и се санираат во моментов на објавувањето на овој текст. За таа цел, се одржа и вонреден состанок на кризниот штаб на општина Неготино на која присуствуваа претставници од локалната самоуправа, ЦУК, ЈП Комуналец и Полициска станица од Неготино на кој беа разгледани последиците и штетите од обилните врнежи кои речиси секогаш поради конфигурацијата на теренот се најголеми и наајвидливи во централното градско подрачје и беа предложени мерки и активности кои се преземааат и ќе се преземат за санираше на истите. Екипи на Комуналец се на терен и со механизација и работна рака го расчистуваат просторот каде што има потреба од тоа, во функција се 2 цистерни кои исто така се активни на терен, се следи состојбата на патната инфраструктура на подрачјето на цела општина и се интервенира каде што треба, а паралелно се остваруваат и контакти со надлежните државни институции за евентуално добивање поддршка за санирање на штетите. Работите на терен продолжуваат и во вечерните часови, а доколку граѓаните имаат потреба од помош, ги информираме дека тоа можат да го сторат јавувајќи се на телефонскиот број 195.