Општина Неготино ги санира штетите од невремето PDF Печати

   Општината Неготино во текот на вчерашниот ден и денеска  активно е вклучена во санацијата на штетите по вчерашното невреме кое го зафати нашето подрачје. Екипи од општината веднаш по невремето излегоа на терен и почнаа со расчистување на штетите на главните сообраќајници и собирни улици.  Стручните лица од локалната самоуправа на терен ги констатираа штетите од невремето и на лице место извршија проценка за тоа кои се приоритетите за интервенција. Општина Неготино реагираше соодветно во рамките на своите надлежности и можности, а механизацијата и комуналните служби вчера и денеска работеа и работат за санирање на штетите. Комуналните служби и механизација ангажирана од општината, веднаш по непогодата излегоа на терен и го расчистуваа хаосот. Пред се, се дејствуваше на најпроблематичните места, главните сообраќајни артерии и собирните улици. Се расчистуваа скршените гранки и се одзатнуваа сливниците, се помагаше на граѓаните во санирање на состојбата, а со работна рака и механизација се интервенираше и во дел од населените места во неготинска општина.