Масовна посетеност и одлична забава на првото издание на „Negotino OFF Festival 2019“ PDF Print
There are no translations available.

   Беспрекорна организација, масовна посетеност и одлична забава го одбележаа првото издание на „Negotino OFF Festival 2019“ што се одржа по повод завршувањето на учебната година-настан кој како што истакна во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во иднина се планира да стане традиционален, се разбира со нови и уште побогати содржини. Инаку, за времетраењето на настанот кој започна од 17 ч. и траеше до раните утрински часови, градскиот плоштад во нашиот град буквално беше исполнет до последно место, како од посетители од неготинска и соседните општини,така и од гости од други градови во земјава. Настанот се одржа во организација на ивент агенцијата „Ентфинити“, ко-организатор и покровител беше општина Неготино, а истиот финансиски беше поддржан и од повеќе правни субјекти од нашата и соседните општини. Свој настап пред присутните имаа GP& STEFFONATOR, Оливер и Иван, 2BONA &Tasko, Blue band, а забавата кулминираше со настапот на балканската музичка sвезда и специјалниот гостин на вечерта Саша Ковачевиќ кој повеќе од 2 часа ги забавуваше присутните на плоштадот.