Одбележан крајот на учебната година-награди и признанија за ученици и нивните ментори PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на одржувањето на големиот музчки хепенинг насловен како „Negotino OFF Festival-2019“ што се одржа на градскиот плоштад во Неготино, а по повод завршувањето на учебната година, на над 30 ученици и нивните ментори од двете основни училишта во градот и средното општинско училиште градоначалникот на општина Неготино Тони Делков им додели вредносни ваучери како награда за постигнати резултати од областа на образованието. На сите ученици кои беа наградени, од негово лично име и како градоначалник на општина Неготино, Делков им честиташе на извонредните постигнувања, а јавна благодарност упати и до професорите и наставниците кои се години инвестираат во образованието на учениците и имаат клучна улога во обезбедувањето квалитетно образование кое секој ученик го подготвува во иднина да го реализира својот потенцијал. Можноста да им се обрати на присутните, градоначалникот Делков ја искористи да им порача дека „убавината на секое признание е во тоа што претставува награда за сработеното, но и мотив да се биде подобар во иднина“. Се надевам, додаде Делков, дека водејќи се од оваа девиза, нашите ученици-основци и средношколци и нивните ментори и во иднина ќе освојуваат вредни награди и признанија, а сето тоа ќе биде валоризирано преку традиционално одржување на овој настан и наредните години со доделување вредносни ваучери од страна на општина Неготино.