Се асфалтираат 1,6 километри од патниот правец Дуброво-Војшанци PDF Print
There are no translations available.

    Работници на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ веќе неколку денови интензивно изведуваат градежно-асфалтерски работи на патниот правец од млекара Дуброво до Војшанци. Станува збор за комплетно асфалтирање на овој патен правец во должина од 1,6 километри со поставување на асфалтна маса со ширина од 4 метри на патот. Според информациите од надлежните, работите се одвиваат според однапред утврдената динамика и се очекува истите да завршат во предвидениот рок за тоа. Населението од општината благовремено беше информирано дека за време изведувањето на асфалтерските работи сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 10 до 16 часот со препорака како алтернатива да се користи патниот правец Д.Капија-Корешница, а заради безбедно одвивање на работите и безбедност на учесниците во сообраќајот, поставена е и соодветна сигнализација за работа на пат.