Избрано идејно решение за уредување на површината на СРЦ во Неготино PDF Печати

   Во постапката за спроведување на конкурс за идејно решение за уредување на околината на Спортско-рекреативниот центар во Неготино, помеѓу две пристигнати понуди, донесена е одлука за избор и рангирање на идејно решение. Имено,инвеститорот општина Неготино распиша конкурс за изработка на идејно решение за уредување на површината на локацијата спортско-рекреативен центар кој се наоѓа на влезот во градот на површина од 11,63 ха. Имено, СРЦ претставува простор кој треба да ги обедини интересите на сите граѓани, како и интересите на сите попатни минувачи и туристи кои поминуваат или доаѓаат во нашиот град, како и локалниот бизнис сектор. Основната цел е овој простор да добие функција на модерен градски центар кој ќе претставува место за спортување, играње и забава, собиралиште на луѓето поради спортски манифестации и шеталиште. Предвидено е овозможување непречено движење напешаците, поставување на урбана опрема со која ќе се задоволат сите потреби за одмор, забава и рекреација. Идејното решение предвидува трим патека за пешачење со места за одмор, реквизити за вежбање, детско игралиште за најмладите, поставување на клупи и уредени места за седење со урбана опрема, фонтана за пиење вода и водени површини-фонтани и велосипедски патеки. Исто така,планирани се површини за изградба на угостителски објекти, паркинг-места на пристапна улица, водоводна линија, технолошка водоводна линија, канализациона линија, поставување соодветно осветлување, парк за миленици и хортикултурно уредување на просторот околу спортско-рекреативниот центар во Неготино.