ЖИТЕЛИТЕ НА ЦРВЕНИ БРЕГОВИ ДОБИЈА ТЕХНОЛОШКА ВОДА PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проектот за намалување на сиромаштијата во населените места во Македонија, со средства обезбедени од невладина организација на чие чело е Симон Поликарп – Џими, во село Црвени Брегови во употреба беше предаден систем со кој се обезбедува вода за наводнување на дворните површини и површините засадени со земјоделски култури. Популарниот Џими информираше дека за комплетното спроведување на проектот се потрошени средства во висина од 27.000 евра и притоа изрази надеж дека дополнително обезбедените количини вода за наводнување во многу ќе им го олеснат животот на локалните жители, пред се во делот на одгледувањето на земјоделски производи во нивните дворни места и други расположиви површини и нивен пласман на пазарите, со што пак ќе се придонесе за благо подобрување на нивниот стандард. На свеченоста на која присуствуваа голем број жители на селото, благодарност до донаторот со надеж за продолжување на соработката изразија  градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и претседателот на месната заедница Црвени Брегови Душко Дураков.