Исполнета квотата за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди PDF Печати

   Во рекордно краток временски период, односно во период од само 4 работни денови, исполнета е квотата по Јавниот повик од страна на општина Неготино за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од нашата општина за купување велосипеди во 2019 година.Имено, по принципот „прв дојден,прв услужен“,општина Неготино објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на неготинска општина за купување велосипеди. Средствата што општината ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000 денари по лице.Иако првично беше планирано  Јавниот повик да трае заклучно со 20-ти јуни, поради брзото исполнување на квотата, барања повеќе нема да се примаат. Средствата во висина од 300.000 денари предвидени за исплата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнувањето на предвидениот буџет за оваа намена. Имајќи предвид дека квотата е исполнета и планираните финансиски средства се исцрпени,општина Неготино ги информира граѓаните дека Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди е завршен.