Распределени средствата за спортските клубови од општината за 2019 г. PDF Печати
   Со цел за поддршка и унапредување на спортот и спортските активности во општината, Советот на општина Неготино на одржаната редовна седница на 20 маj (понеделник) врз основа на претходно донесениот Правилник за постапката и критериуми за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, ги додели средствата за поддршка на спортските клубови/сојузи од општината за 2019 година. Планираните средства во Буџетот на општината во вкупна висина од 1.500.000 денари, беа распределени на 15-те пријавени спортски клубови од Општина Неготино, врз основа на соодветните критериуми содржани во Правилникот.
На овој начин, спортските клубови/сојузи од Општина Неготино добија можност за непречена работа, преку соодветна распределба на предвидените средства во буџетот на општината за 2019 година.