Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

  Со изведување на показна вежба, претставување на опремата и возилата и активно учество на пожарникарите со демонстрација на гаснење на пожар, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Неготино беше одбележан 20-ти мај-Денот на пожарникарите. Од име на локалната самоуправа празникот на неготинските пожарникари им го честиташе секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој им посака да имаат што е можно помалку работа, а кога ќе имааат да делуваат брзо и ефикасно, користејќи ја приликата да упати апел до населението од нашата општина за внимателно однесување при палењето на отворен простор. Командирот на ТППЕ-Неготино Иле Илиев истакна дека опременоста на неготинската единица е на солидно ниво, реализирани се нови вработување со што бројот на пожарникари изнесува 13 лица, а наедно и се заблагодари на одличната соработка со општина Неготино и поддршката што ја добиваат од неа. На показната вежба присуствуваа и со работата на пожарникарите се запознаа десеттина дечиња кои престојуваат во детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град.