„Матурски бал-Неготино 2019г.“ PDF Print
There are no translations available.

   По 9-ти пат во организација на општина Неготино и Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ на градскиот плоштад во нашиот град се одржа традиционалната манифестација „Матурски бал-Неготино 2019 г.“ на која пред присутните во ритамот на  „квадрил“ танцуваа неготинските матуранти. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој на матурантите им порача дека со самиот чин на матурирање тие стануваат возрасни луѓе свесни за својата одговорност и од денеска тргнуваат по нови животни патеки, со што завршува една значајна фаза од нивниот живот на која секогаш ќе се сеќаваат. Свое обраќање пред присутните и матурантите имаше и директорот на неготинското средно училиште Драган Василев кој на матурантите им го честиташе матурирањето посакувајќи им успех во понатамошниот живот. По упатените честитки од страна на градоначалникот Делков и директорот Василев, матурантите го одиграа танцот „квадрил“ поздравени со аплауз од присутните на плоштадот.