Набавени 15 преносни компјутери за потребите на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Врз основа на спроведената јавна набавка согласно законските прописи, со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, набавени се и ставени во функција 15 нови преносни компјутери за потребите на Советот на општина Неготино. Со набавката на новите преносни компјутери, се елиминира потребата од користење на стотици хартиени листови, се заштедуваат финансиски средства, а надлежните информираат дека преносните компјутери се очекува да бидат во функција во времетраење од најмалку 2 мандати на Советот на општина Неготино.