Во ООУ„Гоце Делчев“ ќе се поставуваат нови алуминиумски прозорци со термопан стакло PDF Печати

   Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Неготино е меѓу 12-те училишта во Република Северна Македонија,  врз основа на поднесената апликација и објавените резултати, во кои ќе се врши реновирање на училишниот простор. Резултатите од повикот за аплицирање се веќе објавени, а изборот е направен во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, компонента 3-обезбедување стимул на училиштата преку реновирање во тековнава 2019-та година. Од УСАИД изразуваат благодарност до вработените во училиштето и до локалната самоуправа кои напорно работеа на одобрениот апликационен пакет. Директорот на училиштето Петар Мантев истакнува дека со овој проект комплетно ќе се менува стаклениот дел во холот на училиштето од сите страни со поставување на нови алуминиумски прозорци со термопан стакло,што пак ќе придонесе за поголема сигурност и безбедност на учениците и вработените и ќе се заштеди на енергија.