Средба со родители на деца во групи во други просторни услови во с.Тремник PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорката на детската градинка "Фемо Кулаков" Јана Коцева, директорот на ООУ "Гоце Делчев"Петар Мантев, вработените во оваа група и дел од општинската администрација, остварија средба со родители во новоадаптираните просторни услови од училиштето во с.Тремник каде што наскоро се планира децата од предучилишна возраст да бидат вклучени во целодневен престој. Во изминатиот период општината со сретства од буџетот ја изврши просторната адаптација (занимална и мини кујна со посебен влез) и ги обезбеди потребните апарти и садови за да може да се излезе во пресрет на оваа потреба. Наскоро се очекува ресорното Министерство за труд и социјална политика да изврши увид, по што ќе отпочне и функционирање на групата согласно барањата и потребите. Присутните на средбата беа информирани дека покрај оваа инвестиција за с.Тремник обезбедени се и дополнителни 13.000,000 денари за реконструкција на улица од влезот во селото во должина од 1000 метри.Овие сретства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.