Неготинските пожарникари спречија еколошка катастрофа PDF Печати
  Благодарение на брзата и навремена интервенција на пожарникарите од ТППЕ-Неготино, припадниците на Полициската станица Неготино, вработените во општинската администрација и на бензиската пумпа на Макпетрол, како и помошта од локалното население, вчера во попладневните часови спречено е случување на еколошка катастрофа на подрачјето на општина Неготино. Имено, во 17,10 часот до надлежните е пријавено дека во близина на нашиот град се превртела цистерна полна со нафтени деривати, конкретно со 30 тони нафта. 20 минути подоцна, во 17,30 часот погоре споменатите стручни екипи се веќе на терен при што најпрво е поставена церада и со пумпа нафтата која се заканувала да истече е собрана и префрлена во друга цистерна. Со тоа е спречено истекување на 30 тони нафта и случување на еколошка катастрофа.