Работна посета и средби со жителите на Вешје PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со општинската администрација оствари посета и изврши увид на лице место во Пчелниот парк во с.Вешје. Пред членови од Здружението „Неготински мед“ и други заинтересирани лица од ова населено место,  присутните без информирани дека општина Неготино веќе ги врши подготвителните активности за под-проектот „Вински апи и еко туризам во Неготино и околината“ за кој што општина Неготино има потпишано договор и за кој се обезбедени средства во износ од околу 16.500,000 денари од доверителските фондови на ЕУ и општина Неготино. Дел од средствата на овој проект ќе се искористат токму во с.Вешје каде што наскоро отпочнува и партерно уредување на Пчелниот парк, а ќе се изврши комплетна реконструкција и адаптација на Старата школска зграда во нов современ едукативно - туристички т.н Апи центар за развој на пчеларство. Со оглед на тоа што главен проблем за пристигнување до селото претставувува и локалниот пат, присутните жители со кои беа остварени средби беа информирани дека на делови од патот, иако се работи за нови градби кои се градени претходно,  сепак патот е во лоша состојба и мора да претрпи санација. Исто така, жителите беа запознати  дека се обезбедени и средства преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој за изградба на нова делница од околу 800 нови метри , а се верува  дека реално ќе бидат обезбедени и средства за нови околу 500метри .