Се расчистуваше просторот околу Спомен-костурницата во Неготино PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, вработени во локалната администрација, директори на образовни установи и вработени во Јавното претпријатие „Комуналец“ од нашиот град викендов спроведоа еднодневна еко-акција за расчистување на просторот околу Спомен-костурницата. Целта на акцијата беше собирање на расфрланиот отпад кој го нагрдуваше овој простор и негово расчистување и уредување, а по нејзиното завршување „комуналци“ со соодветна механизација го транспортираа отпадот на соодветно место за тоа.