Работна посета и средба со граѓаните на Тимјаник PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, дел од администацијата во локалната самоуправа и членови на Советот на општината во рамките на предвидената работна агенда денеска остварија посета на населбата Тимјаник. Претставниците на локалната власт остварија средби со граѓаните на Тимјаник на кои, меѓу другото се разговараше во врска со трасата за изградба на колекторот од Тимјаник до Неготино чии градежни работи се очекува да започнат по завршувањето на тендерската постапка која се спроведува во месеците април-мај, а стана збор и за други прашања од делокругот на работата на градоначалникот, локалната самоуправа и општинскиот Совет. Работната средба на Тимјаник беше искористена  заинтересираните граѓани да се информираат за тековните активности на општина Неготино, како и за проектите кои се планирани за реализација во периодот што следува.