Честит 8 април-Меѓународен ден на Ромите PDF Print
There are no translations available.

   До сите припадници на ромската заедница од мое лично име, како градоначалник и од име на општина Неготино упатувам искрени и срдечни честитки по повод денешниот празник 8 април кој се слави како Меѓународен ден на Ромите од далечната 1971 година. Ја користам приликата да ги истакнам своите залагања за поголема инклузија на Ромите во општеството и остварување на нивните права како рамноправни граѓани во општината и државата. Општина Неготино и јас како градоначалник сме секогаш отворени за соработка и давање поддршка на ромската заедница за надминување на сите проблеми со кои се соочуваат. Нека е многу години 8 април-Меѓународниот ден на Ромите.