Маскенбал 2019 PDF Print
There are no translations available.

   На 1ви април, (понеделник) Општина Неготино во соработка со воспитно-образовните установи од градот ќе ја организира манифестацијата “Маскенбал 2019”, чии дел ќе бидат маскенбалското дефиле и забвната програма на градскиот плоштад која ќе содржи музичко-забавни изведби на децата и учениците од нашиот град.
Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ќе ги презентираат децата од клоновите “Мајски цвет” и “Пролет” од детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Дефилето ќе тргне од двете основни училишта “Гоце делчев” и “Страшо Пинџур” во 12.15 часот и ќе се движи по улиците “Маршал Тито” и “Партизанска” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне забавната програма во рамките на која учениците од основните и средното училиште ќе се претстават со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби. Претходно, на бината на градскиот плоштад со почеток од 12 часот свои изведби ќе имаат и децата од двата клона од детската градинка “Фемо Кулаков”.