ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА КРЕДИТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ,, КОМУНАЛЕЦ ,, PDF Print
There are no translations available.

  Заменик-претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставревски, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и директорот на ЈП ,, Комуналец ,, Диме Недев го потпишаат договорот за финансирање на реализацијата на Проектот Водовод и канализација – фаза 1. Со истиот на неготинското комунално претпријатие му се одобрени средства во износ од 249.569 евра со рок на отплата од 28 години, грејс период од 10 години и со годишна каматна стапка од 2 отсто.

    Економската корист од овој проект може да се согледа, пред се во намалувањето на загубите на вода за пиење, додека финансиската корист се согледува во намалувањето на трошоците во работењето на ЈП ,, Комуналец ,, преку намалување на испумпаната вода и редуцирање на трошоците за количествата кои сега непотребно се губат. Со конечната реализација на сите активности од проектот, се верува дека граѓаните на Неготино кои живеат на улиците опфатени со водоводната мрежа, ќе добијат непрекинато снабдување со една од најчистите и најквалитетните води за пиење во Македонија.