УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО ТИМЈАНИК И КРИВОЛАК PDF Print
There are no translations available.

  Согласно Програмата за уредување на градежното земјиште за општина Неготино за периодот од 2011-та година, локалната самоуправа со сопствени средства започна со уредување на централните подрачја во населените места Тимјаник и Криволак. Во Тимјаник во делот на активностите ќе се изврши изведување на земјени работи и асфалтирање на споменатиот простор, изградба на пешачки патеки, поставување на урбана опрема – клупи и корпи за отпадоци, а централното подрачје ќе биде осветлено со нови канделабри. Овде работите ќе се одвиваат во 3 фази, а за комплетното уредување на центарот ќе се реализираат средства во висина од 3.653.309 денари. Во Тимјаник е планирано асфалтирање и на една од споредните улици во населбата.

    Во Криволак пак, се изведуваат работите за довршување на веќе започнатиот проект за уредување на централното подрачје и тоа со уредување на коловозот, јавно – прометните површини и поставување на тротоари. За таа цел, од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени средства во висина од 3.400.000 денари.