Во Неготино одбележан светскиот Ден на енергетска ефикасност PDF Печати

   Во присуство на претставници од македонската Агенција за енергетика во Неготино се одбележа Денот на енерегетската ефикасност. Во оваа прилика на пригоден начин директорот на Агенцијата за енергетика Нехри Емрула на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков му го врачи позитивното мислење од Агенцијата за енергетика за подготвената тригодишна Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за период 2019- 2021 година, изработена од вработените во Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион. Од страна на раководителот на Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион Ванчо Петров за граѓаните на општина Неготино беше одржана презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и објекти“. Присутните имаа можност да се запознаат со   можностите и  придобивките од постигнување на  поголема енергетска ефикасност во нивните домови   и потенцијалите на  обновливи извори на енергија и  енергетска ефикасност во општина Неготино. По презентацијата, присутните и гостите од Агенцијата за енергетика ги  посетија просториите на Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион и се запознаа со неговата опременост и работа.